Владата попладнево го објави на македонски јазик францускиот предлог за почеткот на преговорите со Европската унија. Предлогот е достапен на веб страницата на владата.
„Со цел транспарентно информирање на јавноста, Владата на Република Северна Македонија денеска на официјалната веб страна интегрално преведен на македонски јазик, го објави европскиот предлог“, соопштија од Владата.
• Линк до објава на предлогот на француското претседателство на англиски и македонски јазик
Предлогот во кој се вградени забелешките на Владата во петокот беше објавен за јавноста на англиски јазик и оттогаш почна јавната дебата по него, а од саботата протестите против предлогот.
На 30 јуни Владата потврди дека го добила предлогот на Француското претседателство со ЕУ за решавање на спорот со Бугарија и отворање на преговорите за Македонија. Претходно тој ден, францускиот претседател Емануел Макрон на прес-конференција на НАТО самитот во Шпанија кажа дека мисли дека е најден компромис за Преговарачката рамка за членство на Македонија во Европската унија, кој ја вклучува и Бугарија.