ЗАПРЕН ПРОТОКОТ НА РУСКИ ГАС НИЗ ГАСОВОДОТ СЕВЕРЕН ТЕК 1, ГЕРМАНИЈА СТРАВУВА ДЕКА ИСПОРАКАТА НЕМА ДА ПРОДОЛЖИ

    ЗАПРЕН ПРОТОКОТ НА РУСКИ ГАС НИЗ ГАСОВОДОТ СЕВЕРЕН ТЕК 1, ГЕРМАНИЈА СТРАВУВА ДЕКА ИСПОРАКАТА НЕМА ДА ПРОДОЛЖИ„Гаспром“ во јуни значително го намали количеството на гас кој минува низ гасоводот со образложение дека има технички проблеми. (Фото: ЕПА)

    Запрен е протокот на гас низ гасоводот Северен тек 1 поради редовна годишна контрола. Како што јавува Дојче веле на македонски , се стравува дека Русија по завршување на контролата која ќе трае десет дена, нема повторно да продолжи со снабдување со гас.

    Како што стои на веб страницата на управата на „Гаспром“, ќе се врши проверка на сигурносните системи, снабдувањето со струја, заштитата од пожари, како и вентилите за затворање и изолација. Ќе биде направен и надградба на софтверот.

    Во Германија и западна Европа се стравува дека руски Гаспром можеби по истекот на рокот за контрола на гасоводот веќе нема да ја отвори славината за гас. Гаспром во јуни значително го намали количеството на гас кој минува низ гасоводот со образложение дека има технички проблеми. Германската влада смета дека за намалувањето на протокот на гас има политички мотиви.

    Поради неизвесноста околу снабдувањето со гас по истекот на рокот за инспекција на гасоводот на 21 јули, Германија е насочена кон итен план во случај на комплетно затворање на славината за гас од руска страна. Сојузната министерка за надворешни работи Аналена Бербок изјави дека ќе се преземе сѐ што е можно „за да се направат подготовки со цел прашањето на топлина во претстојната зима да не доведе до поделба во општеството“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира