Затворениците кои издржуваат казна во затворот во Тетово добија монтажен базен. Базенот е добиен како дел од програмата за ресоцијализација на затворениците во оваа казнено-поправна установа.
„Изминатиот период извршено реновирање на сите простории во затворот, спални соби, кујна, санитарни јазли, менза, библиотека, светилиште, берберница, реновирани се и приемното одделение и затвореното одделение. Извршена е дезинфекција на затворските соби и простории. Исто така, затворениците добија и монтажен базен кој ќе помогне во подобрување на психичката и физичката состојба на затворениците. Сето ова е дел од активноста на затворскиот персонал воопшто“, изјави Ќефаил Хавзија, директор на Затворот во Тетово.
Тој вели дека во процесот на нивна ресоцијализација за затворениците се одржуваат и спортски натпревари во фудбал, кошарка, шах, се одржуваат концерти, а затворенците може да гледаат и филмови.
З. АНДОНОВ