Комисијата за заразни препорача двојно зголемување на капацитетите за тестирање на институциите кои се надлежни за тоа, како и следење на состојбата за евентуално овозможување дополнителни капацитети таму каде што е потребно. Бројот на нови случаи со ковид-19 е зголемен за 79.9 отсто, но Македонија и натаму е во зелената зона, па Комисијата за заразни болести не препорача дополнителни рестриктивни мерки.
На сила остануваа досегашните, а тоа се носење на заштитна маска во здравствни институции, во јавен превоз и во домови за стари лица и лица со посебни потреби. Но, апелираа до граѓаните да избегнуваат посети во затворени и невентилирани простории, освен кога тоа е неодложно и во тие случаи се препорачува носење заштитна маска и одржување дистанца.
Од Комисијата соопштија дека на денешниот состанок ја разгледаа актуелната епидемиолошка состојба во земјата и констатиранаа дека има зголемување на бројот на нови случаи со ковид-19. Согласно методологијата за одредување на ризикот од болеста се зема предвид и процентот на хоспитализирани случаи, процентот на слободни болнички кревети, како и бројот на тешко болни и смртни случаи, па утврдено е дека земјава се наоѓа во зелена зона со доволни капацитети за згрижување на пациентите.
Ж. ЗДРАВКОВСКА