МАСК И ТВИТЕР ОДАТ НА СУДЕЊЕ ВО ОКТОМВРИ ПОРАДИ ПРОПАДНАТАТА ЗДЕЛКА ОД 44 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ

    МАСК И ТВИТЕР ОДАТ НА СУДЕЊЕ ВО ОКТОМВРИ ПОРАДИ ПРОПАДНАТАТА ЗДЕЛКА ОД 44 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИМаск се повлече од зделката откако го обвини Твитер дека ги крие информациите за лажните профили (Фото: АП)

    Тужбата на Твитер против Илон Маск ќе оди на судење во октомври, одлучи судијка од сојузната држава Делавер, што е голем удар за најбогатиот човек на светот, кој бараше одложување.

    Ова следува откако Маск се откажа од купувањето на Твитер за 44 милијарди долари, поради што компанијата најави дека ќе го тужи. Таа се надева дека судот ќе му нареди на Маск да ја комплетира зделката по договорената цена од 54,20 долари по акција.

    Маск одлучи да се повлече од зделката откако го обвини Твитер дека ги крие информациите за лажните профили. Неговите адвокати бараа судењето да се одржи следната година поради сложеноста на случајот. Сепак, судијката Кетрин Сент Џуд Мекормик го прифати барањето на Твитер, заклучувајќи дека „одложувањето на судењето би фрлило облак на неизвесност“.

    Одложувањето може да предизвика непоправлива штета. Колку подолго одложување, толку поголем ризик“, изјави таа.

    Твитер го обвинува Маск за долга листа прекршоци и тврди дека фрлил дамка врз компанијата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира