ФИРМА ЗА ПОШУМУВАЊЕ ПРЕДИЗВИКА ОГРОМЕН ШУМСКИ ПОЖАР ВО ШПАНИЈА

    ФИРМА ЗА ПОШУМУВАЊЕ ПРЕДИЗВИКА ОГРОМЕН ШУМСКИ ПОЖАР ВО ШПАНИЈАВо пожарот во североисточниот регион Арагон изгореле 14.000 хектари земјиште (Фото: Шатерсток)

    Меѓународна компанија за пошумување призна дека еден нејзин изведувач случајно предизвикал огромен пожар во Шпанија, која оваа недела се бореше со десетици шумски пожари.

    Ленд лајф“, холандска фирма со подружници во Шпанија и САД, кажа дека пожарот избувнал во понеделникот при еден од нејзините проекти за пошумување во североисточниот регион Арагон. Пожарот, која зафатил 14.000 хектари земјиште, бил предизвикан од искра исфрлена од багер кој подготвувал терен за садење дрвја. Пожарот бил ставен под контрола четири дена подоцна, а во меѓувреме биле евакуирани 1.700 луѓе.

    Длабоко жалиме за штетата и непријатностите што ги предизвикавме. Тешко нè погодија проценките дека е предизвикана штета на 14.000 хектари земјиште“, соопшти „Ленд лајф“, додавајќи дека се посветени на обновата на шумскиот фонд низ светот.

    Според шпанските медиуми, оваа фирма била обвинета за уште еден пожар во регионот минатиот месец, кога изгореле 20 хектари земјиште.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира