ПОСКАПЕ ТАКСИТО ВО СКОПЈЕ, СТАРТ 50 ДЕНАРИ СЕКОЈ ИЗМИНАТ КИЛОМЕТАР 30 ДЕНАРИ

    ПОСКАПЕ ТАКСИТО ВО СКОПЈЕ, СТАРТ 50 ДЕНАРИ СЕКОЈ ИЗМИНАТ КИЛОМЕТАР 30 ДЕНАРИСо одлуката се формираат цени за такси превоз во зависност од тоа колку е цената на горивото. (Фото: СДк.МК)

    Поскапе такси превозот во Скопје. Советот на Град Скопје денеска го усвои барањето на таксистите за формирање на нови тарифи и цени откако на минатата седница барањето беше одбиено. Со одлуката се формираат цени за такси превоз во зависност од тоа колку е цената на горивото.

    Цената по која до сега возеа таксистите од 40 денари старт и 25 денари за секој изминат километар да биде прва тарифа и ќе важи кога цената на горивото е до 75 денари за литар. Втората тарифа која ќе се применува сега е кога горивото е од 75,50 денари до 119,50 денари и тогаш стартот е 50 денари, а секој изминат километар 30 денари. Третата најскапа тарифа предвидува старт од 60 денари, а за секој километар да се наплатува 35 денари кога цената на горивото ќе биде над 120 денари.

    Во Скопје има 2.700 таксисти, според бројот на лиценци издадени од Град Скопје. Од Асоцијацијата на авто-такси превозници, во која се членови компаниите кои имаат свои возила и кои вработуваат таксисти, велат дека состојбата со такси превозот е лоша поради нелојалната конкуренција. Голем е бројот диви таксисти, кои не плаќаат никакви давачки кон државата и возат со стари и нееколошки возила.

    И покрај големиот број издадени лиценци, во Скопје попладне, а особено навечер не може да се најде слободна кола.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира