Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји го критикуваше однесувањето на македонската опозиција за време на расправата за францускиот предлог во парламентот, во интервју за „Еурактив“. Унгарскиот комесар вели дека опозицијата ги поминала црвените линии на цивилизирано водење политика со палењето документи во парламентот и со поттикнување насилство и омраза.
„За Северна Македонија, ова треба да биде момент за отрезнување, исто така и за опозицијата. Палењето документи во пленарната сала, поттикнување на луѓето на насилство и поттикнување на омраза не носи ништо, само штета. Има многу јасни граници на европскиот начин на водење политика, многу јасни граници на цивилизираната политика и мојата процена е дека многу од тие црвени линии беа преминати од опозицијата“, вели Вархеји.
Понатаму во интервјуто, Вархеји вели дека сега е најважно што ако Македонија и Албанија испорачуваат брзо и ЕУ е подготвена да се движи брзо. Тој додаде дека Европската комисија почнала со скринингот на двете земји веднаш од откако земјите членки дадоа зелено светло минатата недела за отворање на преговорите.