ЗА 14 ОТСТО ЌЕ ПОСКАПИ ПАРНОТО ВО СКОПЈЕ, АКО ТОПЛАНИТЕ РАБОТАТ НА МАЗУТ МЕСТО НА ГАС ГРАЃАНИТЕ ПАРИТЕ ЌЕ ГИ ДАДАТ НА ОНКОЛОГИЈА, РЕЧЕ БИСЛИМОВСКИ

    ЗА 14 ОТСТО ЌЕ ПОСКАПИ ПАРНОТО ВО СКОПЈЕ, АКО ТОПЛАНИТЕ РАБОТАТ НА МАЗУТ МЕСТО НА ГАС ГРАЃАНИТЕ ПАРИТЕ ЌЕ ГИ ДАДАТ НА ОНКОЛОГИЈА, РЕЧЕ БИСЛИМОВСКИПоскапувањето е поради зголемената цена на природниот гас, вели РКЕ. (Фото: СДК.МК)

    За околу 14 отсто од 1 август ќе поскапи цената на парното греење во Скопје, соопшти Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Ова е второ зголемување на парното годинава, откако од први јануари поскапувањето беше 14 отсто.

    Како што кажа претседателот на РКЕ Марко Бислимовски, поскапувањето е поради зголемената цена на природниот гас.

    „За 90 отсто од скопјани кои се на мрежата на БЕГ поскапувањето е 14,18 осто, за корисниците на железарското парно 15,58 отсто, а на Скопје Север 16,3 отсто“, рече Бислимовски.

    Тој кажа дека ТЕ-ТО ќе работи со 70 отсто од капацитети за да се овозможи снабдување со топлинска енергија, а останатите 30 отсто топланите.

    „Да не беше ТЕ-ТО зголемувањето ќе беше 100 отсто. Такви се условите, цената на гасот постојано расте, а на мазут сметаме дека Скопје не треба да се грее, тогаш ќе имаме големо загадување и парите граѓаните ќе ги дадат за лечење на Онкологија“, кажа Бислимовски.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира