СЕ ОТСТРАНУВААТ БАРИКАДИТЕ ОД СЕВЕРОТ НА КОСОВО, ПРИШТИНА ГО ОБВИНИ ВУЧИЌ ДЕКА СЕ СЛУЖИ СО МЕТОДИТЕ НА ПУТИН

    СЕ ОТСТРАНУВААТ БАРИКАДИТЕ ОД СЕВЕРОТ НА КОСОВО, ПРИШТИНА ГО ОБВИНИ ВУЧИЌ ДЕКА СЕ СЛУЖИ СО МЕТОДИТЕ НА ПУТИНПоради барикадите беа затворени и некои гранични премини (Фото: Анадолија)

    Почнаа да се отстрануваат барикадите од патиштата на северот на Косово, со цел да се овозможи сообраќајот, јавуваат српските медиуми. Тие беа поставени од локалните Срби вчера, непосредно пред да стапи на сила новата одлука на косовските власти за регистарските таблички и личните документи.

    По притисокот на меѓународната заедница, особено на американскиот амбасадор Џефри Ховение, косовската влада ја одложи примената на новите мерки за 30 дена. Премиерот Албин Курти се согласи со тоа под услов да се тргнат барикадите во вид на паркирани автомобили и камиони.

    Блокирањето на патиштата доведе и до затворање на клучните гранични премини кон Србија, Јариње и Брњак, кои не можеле да се поминат ни пешки. На граничниот премин Мердаре, на сите кои влегуваа во Косово со српски лични карти им се издаваа посебни декларациски листови, во согласност со новите мерки на Приштина.

    Реципроцитетната мерка не е насочена против никого, туку е во интерес на сите граѓани на Косово. Обидот на Вучиќ да го дестабилизира Косово со методите на Путин ќе пропадне“, изјави претседателката на Косово, Вјоса Османи.

    Четиринаесет години откако Косово прогласи независност, околу 50.000 Срби на северот продолжија да користат регистарски таблички и лични документи издадени од српските власти, што требаше да се промени на полноќ и тие да се заменат со косовски. По вчерашните тензии, косовската влада ја одложи примената на мерката до 1 септември, по што локалните Срби ќе имаат рок од 60 дена да ги променат табличките.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира