СПОМЕНИЦИТЕ НА ШТИПСКИ ИСАР ОШТЕТЕНИ СО ГРАФИТИ, ПА ИЛИНДЕН ЌЕ СЕ ЧЕСТВУВА НА ДРУГИ МЕСТА ВО ГРАДОТ

    СПОМЕНИЦИТЕ НА ШТИПСКИ ИСАР ОШТЕТЕНИ СО ГРАФИТИ, ПА ИЛИНДЕН ЌЕ СЕ ЧЕСТВУВА НА ДРУГИ МЕСТА ВО ГРАДОТНајновите графити на спомениците на револуцијата датираат од пред некој ден (Фото: СДК.МК)

    Спомениците на револуцијата кои се наоѓаат во меморијалниот комплекс на штипски Исар утрово осамнаа со нови графити. Вандализмот се случи во пресрет на Илинден, па од Општината најавуваат чествување на празникот само кај спомен-релјефот на Гоце Делчев во Ново Село и во Алејата на народните херои во центарот на градот.

    Граѓани кои живеат во близина на тврдината велат дека најновите графити датираат од пред некој ден. Ваков вандализам не се случува првпат, но претходни сторители не се фатени.

    Знаеме за најновиот вандалски чин и сите надлежни служби се известени. Со Општина Штип, која е надлежна за одржување на спомен-обележјата, се договоривме да се изготви посебна програма за санација не само на Споменикот на револуцијата на Исарот, туку и на останатите оштетени и осквернавени споменици на територијата на Општина Штип, а ги има повеќе“, вели претседателот на Сојузот на борците, Перо Мицевски.

    Тој бара да се поправат и останатите оштетени елементи, како електричната табла која остана без кабли, корпите и фонтаните, кои повеќе години не се во фунцкија.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира