Тешка автобуска несреќа се случи на автопатот А4 во правец кон Загреб кај Брезнички Хум откако од патот слета автобус со полска регистрација. Најмалку 11 лица загинаа, а најмалку 25 се тешко повредени, соопшти хрватската полиција.
Несреќата се случила околу 5:40 часот на 62. километар од автопатот А4 во правец кон Загреб меѓу Јарек Бишашки и Подворец. Акцијата за спасување е во тек.