ИЗРАЕЛ УБИ УШТЕ ЕДЕН ВИСОК КОМАНДАНТ НА ПАЛЕСТИНСКИТЕ МИЛИТАНТИ ВО ГАЗА

    ИЗРАЕЛ УБИ УШТЕ ЕДЕН ВИСОК КОМАНДАНТ НА ПАЛЕСТИНСКИТЕ МИЛИТАНТИ ВО ГАЗАВо нападот беа убиени уште двајца милитанти и пет цивили, со што бројот на загинати Палестинци се искачи на 31 од почетокот на израелската офанзива во петокот. (Фото: АП)

    Израел денеска соопшти дека е убиен висок командант на палестинскиот Исламски џихад во преполниот бегалски камп во Газа, што е втор ваков целен напад откако во петокот ја започна воената офанзива против милитантната група. Милитантната група поддржана од Иран истрела стотици ракети кон Израел како одговор, а ризикот прекуграничните борби да се претворат во целосна војна остана висок.

    Командантот на Исламскиот џихад, Халед Мансур, беше убиен во воздушен напад врз станбена зграда во бегалскиот камп Рафах во јужниот дел на Газа доцна синоќа. Во нападот беа убиени уште двајца милитанти и пет цивили, со што бројот на загинати Палестинци се искачи на 31 од почетокот на израелската офанзива во петокот. Меѓу загинатите има шест деца и четири жени. Палестинското Министерство за здравство соопшти дека повеќе од 250 луѓе се ранети од петокот.

    Владејачката група Хамас во Газа, која водеше 11-дневна војна со Израел во мај 2021, се чини дека засега останува на маргините, веројатно затоа што се плаши од израелски репресалии и поништување на економските договори со Израел, меѓу кои и израелските работни дозволи за илјадници жители на Газа, кои ја зајакнуваат неговата контрола.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира