ОБВИНИТЕЛСТВОТО БАРА ПРИТВОР ЗА СКОПЈАНЕЦ КОЈ ДВАПАТИ ЈА ТЕПАЛ И ЈА ПОВРЕДИЛ ПОРАНЕШНАТА СОПРУГА ПРЕД НИВНИТЕ МАЛОЛЕТНИ ДЕЦА

    ОБВИНИТЕЛСТВОТО БАРА ПРИТВОР ЗА СКОПЈАНЕЦ КОЈ ДВАПАТИ ЈА ТЕПАЛ И ЈА ПОВРЕДИЛ ПОРАНЕШНАТА СОПРУГА ПРЕД НИВНИТЕ МАЛОЛЕТНИ ДЕЦАПолицијата го затекнала скопјанецот среде насилство пред двете малолетни деца, а жената претходно мна двапати го пријавила во полициска станица. (Фото: Архивска фотографија)

    Скопското јавно обвинителство отвори истрага и побара притвор за 42-годишен маж, кој двапати ја нападнал, ја повредил, и ѝ се заканал дека ќе ја убие поранешната сопруга, пред нивните деца кои се на мала возраст. Обвинителството вели дека постои основано сомнение оти при вршење семејно насилство уапсениот маж сторило продолжено кривично дело – Телесна повреда според член 130 став 2 во врска со став 1 и во врска со член 45 од Кривичниот законик.

    На 10 јули, пред зграда на булеварот Јане Сандански во Скопје, осомничениот кај поранешната сопруга ги враќал двете малолетни деца за кои имале спогодба за видување. Најпрвин инсистирал да се качи во станот и да разговараат, а кога оштетената не му дозволила, пред влезот им го попречил патот и почнал да ја удира со тупаници по главата, да ја стиска за вратот и рацете. Повикот за помош на оштетената го слушнале тројца таксисти, кои го оттргнале осомничениот. Нападнатата жена тогаш настанот го пријавила во полициска станица.

    На 4 август насилникот ѝ отишол на работа на жртвата. Прво вербално ја нападнал, ѝ се заканил и за навредувал. Откако заминал, продолжил да ѝ се заканува по телефон дека ако не согласи да се смират, ќе влезе во станот на нејзините родители и ќе ги убие сите. Загрижена за безбедноста на нејзините деца и нејзините родители, оштетената настанот пак го пријавила во полициска станица.

    Во попладневните часови истиот ден, осомничениот ја зел од градинка малолетната ќерка и се упатил кон станот на родителите на оштетената. Кога детето влегло во домот, таткото на оштетената го замолил осомничениот да си замине, но тој започнал агресивно да удира по влезната врата и да се обидува насилно да влезе. Оштетената и нејзиниот татко се обидувале вратата да ја држат затворена, а од туркањето добиле телесни повреди – гребаници и исекотини. Откако успеале да ја заклучат вратата, насилникот, занемарувајќи го фактот што повторно биле присутни малолетните деца, продолжил да им се заканува дека ќе ги убие и да се однесува агресивно. Оштетените повикале полиција, која го затекнала осомничениот пред станот и го привела.

    „Надлежниот јавен обвинител оцени дека постојат околности кои што укажуваат дека осомничениот би можел да се даде во бегство, па до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор“, вели Обвинителството.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира