Комисијата за заразни болести соопшт дека од Центарот за јавно здравје Битола веќе е земен примерок за анализа од пациентот од Кичево за кого беше препорачано тестирање поради сомнеж дека боледува од мајмунски сипаници.
„Веднаш по обработка на земениот брис во лабораторијата на Институтот за јавно здравје, јавноста ќе биде информирана за резултатот од земениот брис“, велат од Комисијата.
За лицето, од Комисијата вчера соопштија дека ќе биде побаран здравствен надзор со цел да биде лоцирано, а потоа и тестирано, откако здравствените работници не успаја претходно да остварт контакт со него и тој да се тестира. Пациентот се имаше јавено на матичен доктор пред три дена, по што веднаш веднаш била остварена комуникација со лекари од Инфективната клиника во Скопје и му било понудено тестирање. Тој не го прифатил тестирањето и не се појавил на Инфективната клиника, по што биле известени епидемиолошките служби од Битола и тие реагирале веднаш. Епидемиологот од Битола бил два пати во местото на живеење на пациентот, разговарал со членовите од неговото семејство, но не и со сомнителното лице. Контакт бил воспоставен дури денес и лицето е тестирано.
Ж. ЗДРАВКОВСКА