УКРАИНСКАТА ВОЈСКА ОНЕСПОСОБИЛА УШТЕ ЕДЕН КЛУЧЕН МОСТ ВО ХЕРСОН

    УКРАИНСКАТА ВОЈСКА ОНЕСПОСОБИЛА УШТЕ ЕДЕН КЛУЧЕН МОСТ ВО ХЕРСОНМостот на браната во Нова Каховка веќе не може да се преминува

    Украинската војска објави дека онеспособила уште еден мост што е клучен за руските окупациски сили во јужниот регион Херсон. Таа додаде дека мостот на браната во Нова Каховка, кој и порано бил цел на напади, веќе не може да се преминува.

    Ова следува неколку недели откако украинските сили го исфрлија од употреба и мостот „Антонивски“. Украина е во противофанзива кон градот Херсон, што Русите го окупираа во почетокот на инвазијата.

    Уништувањето на мостот во Нова Каховка обезбеди тој веќе да не може да се користи“, соопшти Јужната оперативна команда на украинската војска.

    И британското министерство за одбрана соопшти дека Украина извела прецизни напади на мостот преку реката Днепар, сместен 55 километри североисточно од Херсон.

    Мостот е неупотреблив за тешки армиски возила. Руските сили успеале да извршат само површни поправки на главниот мост ‘Антонивски‘. Главниот железнички мост кај Херсон исто така бил оштетен минатата недела“, велат Британците.

    Овие напади имаат за цел да ги изолираат руските трупи.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира