СЛАБА ИЗЛЕЗНОСТ НА ИЗБОРИТЕ ЗА СОВЕТ ВО ТЕТОВО, ВО МАВРОВО-РОСТУШЕ И ЦЕНТАР ЖУПА ИМА ШАНСИ КОНЕЧНО ДА СЕ ПОСТИГНЕ ЦЕНЗУСОТ ЗА ИЗБОР НА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ

    СЛАБА ИЗЛЕЗНОСТ НА ИЗБОРИТЕ ЗА СОВЕТ ВО ТЕТОВО, ВО МАВРОВО-РОСТУШЕ И ЦЕНТАР ЖУПА ИМА ШАНСИ КОНЕЧНО ДА СЕ ПОСТИГНЕ ЦЕНЗУСОТ ЗА ИЗБОР НА ГРАДОНАЧАЛНИЦИВо Тетово до 11.30 часот на гласање излегле 6,71 процент што е за 3 проценти помалку во однос на последните избори. (Фото: СДК.МК)

    Слаб е одѕивот на тетовци за гласање за избор на советници за Советот на Општината. Според резултатите објавени од ДИК, до 11.30 часот на гласање излегле 6,71 процент што е за 3 проценти помалку во однос на последните избори. Сепак, претседателот на ДИК Александар Даштевски е задоволен како се одвива процесот на гласање во сите три општини.

    „Гласањето се одвива нормално, во мирна и демократска атмосфера. Сите избирачки места се отворени на време. Во Општина Маврово-Ростуше излезноста до 11.30 часот е 14,11 насто или на гласање излегле 1.404 гласачи. Во Центар Жупа излезноста е 14,47 насто, односно 1.035 гласачи. Излезноста во Тетово е 6,71 процент или 5.642 гласачи. За избор на градоначалници потребно е да излезе една третина од вкупниот број гласачи и овие првични резултати ни кажуваат дека овој пат има шанса дека ќе избор на градоначалници во овие две општини, но сепак треба да причекаме да се заврши избирачкиот процес за да може ова и да ги објавиме конечните резултати“, изјави Даштевски.

    Даштевски исто така посочи дека на почетокот се сретнале со помали технички проблеми кои брзо биле решени.

    „На некои избирачки места имаше мали технички проблеми со апаратите, но тоа брзо е решено. Исто така на некои избирачки места имаше објавено списоци на имињата на улиците само на албански јазик, но не и на македонски јазик. И тоа е технички пропуст па им им укажавме на избирачките одбори да ги закачат и тие списоци. Ние ги имаме отпечатено и донесено тие списоци. Можеби настанало проблем при примопредавањето и приемот на материјалите од страна на избирачките одбори или пак е заборавено да бидат истакнати. Јас им реков дека треба да ги закачат и тие списоци бидејќи така е пропишано да биде двојазично“, појасни Даштевски.

    Но, за разлика од изјавите на претседателот на ДИК, на неколку избирачки места во ОУ „Лирија“ во Тетово од избирачките одбори ни беше речено дека во изборниот материјал воопшто не добиле листа на имиња на улиците на македонски јазик.

    Според Даштевски, досега на избирачки места во овие три општини има поднесено 20 приговори од кои половината веднаш се решени, а другите се во постапка. Тие приговори се однесуваат на неможноста да се оствари гласачкото право бидејќи тие лица не биле пронајдени во избирачкиот список.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира