ШТЕТИТЕ ОД НЕВРЕМЕТО ДА СЕ ПРИЈАВАТ НА БРОЈОТ 112, ВЕЛИ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ГЕРАСИМОВСКИ

    ШТЕТИТЕ ОД НЕВРЕМЕТО ДА СЕ ПРИЈАВАТ НА БРОЈОТ 112, ВЕЛИ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ГЕРАСИМОВСКИПднат е лим од покрив на улица Црвена Вода кој оштетил неколку возила кои биле паркирани близу зградата. (Фото: Општина Центар)

    Жителите на Општина Центар сите поголеми штети од денешното невреме да ги пријавуваат на бројот за итни случаи 112, од каде ќе бидат проследени до Општинскиот штаб за управување со кризи, кажа градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски.

    „Веќе од понеделник ќе формираме посебен тим од општината кој ќе излегува на терен по временски непогоди и ќе врши увид во состојбата“, рече Герасимовски кој излезе на терен и заедно со припадниците на МВР изврши увид на неколку локации во Општина Центар каде граѓаните имаа пријавено штети.

    Од невремето падна и дрво на детското игралиште во Тафталиџе. (Фото: СДК.МК)

    Во невремето со силен ветер и дожд попладнево во Скопје, паднат е лим од покрив на улица Црвена Вода кој оштетил неколку возила кои биле паркирани во непосредна близина на зградата, а има и неколку пријави за паднати дрва на повеќе локации во Општината Центар.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира