ХЕЛСИНШКИОТ КОМИТЕТ ОТВОРЕН ЗА ПРИЈАВИ НА ПОВРЕДИ НА ИЗБИРАЧКОТО ПРАВО

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ХЕЛСИНШКИОТ КОМИТЕТ ОТВОРЕН ЗА ПРИЈАВИ НА ПОВРЕДИ НА ИЗБИРАЧКОТО ПРАВО

    Канцеларијата на Хелсиншкиот комитет за човекови права утре ќе биде отворена во текот на целиот ден за да овозможи пријавување повреда на избирачкото право за време на предвремените парламентарни избори, соопшти денеска Комитетот.

    Канцеларијата на Хелсиншкиот комитет е на улица Наум Наумовски Борче во Дебар Маало во Скопје, а пријавувањето, може да се врши и на бесплатниот телефонски број 0800-44-222 или на 02-3119-073.

    Покрај личното и телефонското пријавување овозможена е и пријава преку е-пошта на [email protected]. Пријавите преку е-пошта треба да содржат кратко образложение за настанатата повреда, локација (изборна единица и број на гласачко место) и време на настанување на повредата на избирачкото право. Пријавите може да се поднесат со наведување лични податоци или анонимно.

    Хелсиншкиот комитет вели дека сите пријави ќе бидат дополнително истражени за да се верификува нивната веродостојност, а тајноста и неповредливоста на личните податоци се загарантирани и тие нема да бидат објавени без претходна дозвола на граѓаните што ја пријавиле повредата.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира