Утре на спортскиот аеродром „Стенковец“ ќе се одржи обука за пинг понг за лицата со попреченост. Обуката ја организираат здружението на лицата со параплегија и квадриплегија „Без ограничувања“ и аероклубот „Скопје“.
„Во пинг понгот за луѓе со попреченост, спортистите без попреченост ја симулираат попреченоста на противникот. На пример, доколку едниот е во количка, другиот игра седејќи на столче. Овој вид вежбање ги подобрува когнитивните вештини и менталната сила и е многу корисен и забавен за лицата со интелектуална или физичка попреченост“, велат организаторите.
Настанот, кој почнува во девет часот, е од отворен тип и не е потребна претходна најава за присуство. Од 11 до 12 часот ќе се одржи и минитурнир.