НАСА НАМЕРНО ЌЕ СУДРИ ЛЕТАЛО ОД 330 МИЛИОНИ ДОЛАРИ СО АСТЕРОИД НА 27 СЕПТЕМВРИ

    НАСА НАМЕРНО ЌЕ СУДРИ ЛЕТАЛО ОД 330 МИЛИОНИ ДОЛАРИ СО АСТЕРОИД НА 27 СЕПТЕМВРИУметнички приказ на роботското вселенско летало „Дарт“ и астероидот Диморфос (Фото: ЕПА)

    Инженерите на НАСА планираат намерно да судрат 330 милиони долари вредно роботско вселенско летало во астероид. Половина тон тешкото летало „Дарт“ ќе патува со брзина од шест километри во секунда кога ќе удри во својата мета Диморфос и ќе биде уништено.

    Целта на оваа самоубиствена научна мисија е да се види како да се пренасочи астероид во случај некогаш да се открие еден кој ќе биде на пат да се судри со Земјата. Проучувањата на влијанието на „Дарт“ врз орбитата на Диморфос ќе обезбедат клучни податоци за тоа како едно вселенско летало може да ја спаси Земјата од катастрофа.

    Знаеме дека астероиди се судирале со Земјата во минатото. Тие удари се природен процес и ќе се случуваат и во иднина. Сакаме да ги сопреме најлошите од нив“, вели Алан Фицсимонс, астроном од Универзитетот во Белфаст.

    Тој додаде дека досега не е тестирана технологија за спречување вакви судири и тоа е главната цел на „Дарт“. Лансирано во ноември минатата година, се очекува леталото да ја погоди метата во раните часови на 27 септември.

    Метата на ‘Дарт‘ беше внимателно избрана. Диморфос всушност кружи околу друг, поголем астероид наречен Дидимос и степенот на отклонувањето предизвикано од судирот ќе може полесно да се открие зашто астрономите внимателно го набљудуваа неговиот пат околу поголемиот астероид“, додаде Фицсимонс, кој е дел од мисијата.

    Во 2024, Европската вселенска агенција ќе го испрати роботското летало „Хера“ за да го истражи кратерот на Диморфос оставен од „Дарт“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира