КОВАЧЕВСКИ ПОБАРА ПОМОШ ОД БУГАРИJA ЗА СНАБДУВАЊЕ СО СТРУЈА ЗИМАВА

    КОВАЧЕВСКИ ПОБАРА ПОМОШ ОД БУГАРИJA ЗА СНАБДУВАЊЕ СО СТРУЈА ЗИМАВАПремиерот Димитар Ковачевски денеска е во Софија на средба со техничкиот премиер на Бугарија Голаб Донев за да побара помош околу снабдувањето со струја. (Фото: Фејсбук)

    Премиерот Димитар Ковачесвки денеска отиде во Софија на средба со техничкиот премиер на Бугарија Голаб Донев за да побара помош околу снабдувањето со струја на земјава. Како што кажаа на прес-конференцијата двајцата премиери, на средбата се разговарало за наоѓање решение за снабдување со електрична енергија под услови коишто ќе бидат оптимални за двете земји.

    „Ние ги кажавме деталите за она што го имаме како потреба и доаѓа како барање од Стапанската комора на Македонија. Се договоривме да формираме работна група меѓу министерствата на двете земји каде ќе се разговара за капацитетите и транспортот на електрична енергија и цените кои ќе бидат дефинирани согласно регислативите на двете земји. Разговаравме и за количините кои се потребни кај нас, со оглед на тоа дека Бугарија е земја извозник на електрична енергија благодарение на капацитетите кои ги има и производството на струја од нуклеарна централа“, рече Ковачевски.

    На средбата меѓу премиерите и економските сектори на двете влади се разговарало и за поврузување со нов интерконектор за гас, како и за можностите за складирање на течен гас во складиштата кои ги има во Бугарија.

    Бугарскиот премиер Донев кажа дека Бугарија како лидер на Балканот во енергетскиот сектор ќе ѝ помогне на Македонија околу снабдувањето со струја зимава и дека работните групи од среда ќе работат на договорите.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира