ПОЛИЦИЈАТА ВО ДЕМИРХИСАРСКО ФАТИЛА ДРЖАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ КАКО ДЕЛАТ ПО ИЛЈАДАРКА ЗА ГЛАС

a:1:{s:9:"td_source";s:43:"Битола,(САКАМАКАЖАМ.МК)

    ПОЛИЦИЈАТА ВО ДЕМИРХИСАРСКО ФАТИЛА ДРЖАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ КАКО ДЕЛАТ ПО ИЛЈАДАРКА ЗА ГЛАС

    Битолската полиција е во демирхисарските села Брезово, Зашле и Илино, по пријава на набљудувачка од Цивил, која на дело фатила и снимила со видео камера раководни лица од Центар за социјални работи и од Агенцијата за вработување како на жители на селото им нудат поткуп од 1.000 денари за глас, дознава САКАМДАКАЖАМ.МК.

    Покрај снимката, имало и сведок од Брезово, кој сам се пријавил да сведочи дека претставници од власта денеска му нуделе по 1.000 денари од глас во семејството.
    Според информациите од набљудувачите, МВР треба од местата да собере и снимени изјави од сведоци кои потврдиле дека денеска биле посетени со понудата од по илјадарка за глас.

    Според извори од СВР Битола, случајот телефонски бил пријавен таму. За овие случаи известен бил и Јавниот обвинител во Битола.

    Утринава беше издадена судска наредба за одземање на видео запис од општинската зграда во Кавадарци по претходно барање од обвинителството поради основано сомневање за сторено кривично дело поврзано со изборите. Со наредбата издадена синоќа и се наложува на полициската станица Кавадарци да го одземе видео записот и предаде на понатамошно постапување во обвинителството.

    Полицијата работи и на расветлување на случајот со нудењето поткуп дома кај Прилепчанката која ги сними и јавно ги објави активистките на владејачката ВМРО-ДПМНЕ како и нудат пари и вработување ако гласа таа и семејството за нивната партија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира