АРСОВСКА ГО НАЗНАЧИ МАРЈАН МИТОВСКИ ЗА В.Д. ДИРЕКТОР НА „ВОДОВОД“ ОТКАКО ВЧЕРА ГО РАЗРЕШИ ПЕРИНСКИ

    АРСОВСКА ГО НАЗНАЧИ МАРЈАН МИТОВСКИ ЗА В.Д. ДИРЕКТОР НА „ВОДОВОД“ ОТКАКО ВЧЕРА ГО РАЗРЕШИ ПЕРИНСКИМитовски досега беше вработен во претпријатието.(Фото: СДК.МК)

    Градоначалничката Данела Арсовска го назначи Марјан Митовски за в.д. директор на ЈП „Водовод и канализација“ откако вчера го разреши досегашниот Златко Перински. Од нејзиниот кабинет ни потврдија дека Митовски кој досега беше вработен во претпријатие од денеска е назначен на функцијата.

    Град Скопје има и нов секретар откако Арсовска од функцијата вчера го сменет Ѓоко Велковски кадар на ВМРО-ДПМНЕ оти како што кажа и тој бил вмешан во местењето на тендерот за изградба на пречистителна станица за отпадни води. Нов секретар е Зоран Глигоров кој изминативе три-четири месеци ѝ беше шеф на кабинет на Арсовска.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира