НЕ ЗНАМ ЗОШТО НЕКОЈ БИ ПАЛЕЛ ОБЈЕКТ ЗА ДА ГРАДИ, КОГА МОЖЕ САМО ДА ПОДНЕСЕ БАРАЊЕ БИДЕЈЌИ ИМА ВАЖЕЧКИ ДУП, РЕЧЕ ГЕРАСИМОВСКИ ПО ПОЖАРОТ КАЈ РАМПА

    НЕ ЗНАМ ЗОШТО НЕКОЈ БИ ПАЛЕЛ ОБЈЕКТ ЗА ДА ГРАДИ, КОГА МОЖЕ САМО ДА ПОДНЕСЕ БАРАЊЕ БИДЕЈЌИ ИМА ВАЖЕЧКИ ДУП, РЕЧЕ ГЕРАСИМОВСКИ ПО ПОЖАРОТ КАЈ РАМПАВо пожарот нема повредени. (Фото: К. Попов)

    Во пожарот кој денеска изби во близина на скопска Рампа нема повредени лица, предизвикана е само материјална штета. Пожарот избил во една од бараките и, како што кажа командирот на скопската Пожарна Звонко Томески, брзата интервенција на пожарникарите спречила огнот да се прошири и во соседниот објект.

    „Имаше информации дека туку живеат бездомни лица, но го пребаравме објектот и во него немаше никој. Што е причина за пожарот дополнително ќе се утврди“, рече Томески.

    На увид беше и градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, во чиј мандат од нецела година ова е трет пожар. Прво гореа поранешните судски бараки во Градски парк, потоа објектите во фабриката „Треска“ и сега овие бараки. На новинарското прашање дали можеби пожарот е намерно подметнат за да може на местот на бараките да се гради зграда, Герасимовски рече дека од такво нешто нема потреба, бидејќи има важечки Детален урбанистички план (ДУП).

    „Зошто некој би палел, кога може да добие дозвола за градба само со поднесување на барање до Општината, бидејќи за овој дел има важечки ДУП. На соседната парцела која е заградена издадена е дозвола за градба“, кажа Герасимовски.

    „До Општината, пред неколку месеци, до инспекциските служби пристигна известување дека во тие бараки диво има населено семејство. Од страна на службите се преземени чекори за семејството да биде иселено од просториите. Имаме информации дека тоа неколку месеци било диво вселено во просториите, но додека не заврши истрагата не сакаме да прецизираме кои се причините за настанување на пожарот. Ние како општина ќе ја провериме сопственоста на земјиштето“, рече Герасимовски.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира