Советот на Општина Штип го прифати предлогот на владејачкото мнозинство за субвенционирање со 80 милиони денари (1,3 милиони евра) како помош од Владата за Штип. Со тоа, граѓаните ќе имаат и до 80 проценти субвенционирање на високите сметки за струја, велат предлагачите. Против овој предлог беше штипската опозиција, која сепак не гласаше против, туку беше воздржана. Власта најави дека ќе го постави предлогот на дневен ред на наредната седница на Советот.
Иницијативата беше покрената на вчерашната седница на Советот на Општина Штип, со најава дека на првата наредна седница ќе биде и готов предлог.
„Ова барање е во интерес на граѓаните, да се субвенционираат енормно високите трошоци за енерегија . По примерот од Скопје со парното греење, така и во внатрешноста неопходна е ваква помош на граѓаните во услови на значително зголемени трошоци за греење и секојдневно живење со струја“, рече предлагачот Душко Иванов, кој сепак кажа дека натаму сè зависи од Владата.
Т. ЈОВАНОВСКИ