ОПШТИНАТА ДАВА ЕДНОКРАТНА ПОМОШ ОД 3.000 ДЕНАРИ ЗА СЕКОЕ ПРВАЧЕ ВО БИТОЛА

    ОПШТИНАТА ДАВА ЕДНОКРАТНА ПОМОШ ОД 3.000 ДЕНАРИ ЗА СЕКОЕ ПРВАЧЕ ВО БИТОЛАОпштината ја доделува помошта поради економската и енергетската криза. (Фото: СДК.МК)

    Општина Битола ќе додели еднократна парична помош за првачињата запишани во општинските основни училишта во учебната 2022/2023 година. Вака одлучи Советот на Општина Битола, за да им се помогне на семејствата кои имаат провооделенци во период на финансиска криза.

    Еднократната парична помош ќе се доделува врз основа на поднесено барање од семејствата до основното училиште каде е запишано детето, со приложена потврда од училиштето, копии од изводот од матичната книга на родените, како и лична карта и трансакциска сметка на име на еден од родителите или старателите.

    Основните училишта комплетните документи подоцна ќе ги достават до архивата на Општина Битола, по што ќе следува исплата. Средствата за првачињата се издвоени со ребалансот на буџетот.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира