СЕ РАСПРОДАВААТ АВИОНСКИТЕ ЛЕТОВИ ОД РУСИЈА ОТКАКО ПУТИН ПРОГЛАСИ МОБИЛИЗАЦИЈА

    СЕ РАСПРОДАВААТ АВИОНСКИТЕ ЛЕТОВИ ОД РУСИЈА ОТКАКО ПУТИН ПРОГЛАСИ МОБИЛИЗАЦИЈАДенеска имало значителен пораст на отворањето на најпопуларниот руски сајт за купување авионски карти

    Летовите во еден правец од Русија брзо се распродавале денеска, откако Владимир Путин објави делумна воена мобилизација за војната во Украина, која ќе опфати до 300.000 резервисти. Утринската објава на Путин ги зголеми стравувањата дека на некои борбено способни мажи нема да им биде дозволено да ја напуштат земјата.

    Министерот за одбрана Сергеј Шојгу појасни дека ќе бидат мобилизирани само оние кои имаат борбено искуство, додека студентите и армиските регрути нема да бидат повикани.

    И покрај тоа, податоците од Гугл трендс покажуваат значителен пораст на отворањето на „Авијасејлс“, најпопуларниот руски сајт за купување авионски карти. Така директните летови од Москва за Истанбул, Ереван и Баку, за каде што не им треба виза на Русите, биле распродадени за следните два дена, а малкуте останати карти за петок чинат околу 1.000 долари.

    Недостапни се и некои индиректни линии, како Москва-Тбилиси, додека најевтините летови до Дубаи чинеле над 300.000 рубли (5.000 долари), пет пати повеќе од просечната месечна плата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира