СТОТИЦИ УАПСЕНИ НА ПРОТЕСТИТЕ ПРОТИВ МОБИЛИЗАЦИЈАТА НИЗ РУСИЈА

    СТОТИЦИ УАПСЕНИ НА ПРОТЕСТИТЕ ПРОТИВ МОБИЛИЗАЦИЈАТА НИЗ РУСИЈАНајмногу уапсени има во Екатеринбург, а протести имало и во Москва (Фото: АФП)

    Руската полиција уапсила стотици луѓе кои протестираа против одлуката на Кремљ да прогласи делумна мобилизација на резервисти за војната во Украина. Руската група за човекови права ОВД-инфо процени дека се уапсени околу 900 луѓе.

    Најмногу уапсени има во Екатеринбург, а десетици луѓе се приведени и во Иркутск и други сибирски градови. Протести имало и во Москва.

    Путин објави мобилизација на 300.000 резервисти како одговор на неколкумесечниот застој во инвазијата и брзата украинска противофанзива, која стигна до окупираниот источен регион Луганск.

    Јавниот обвинител на Москва предупреди дека повикување на недозволени улични протести или учество во нив може да резултира со затворски казни до 15 години. На нив би им се судело според законите против дискредитирање на вооружените сили, ширење лажни вести или поттикнување малолетници на протести.

    И покрај тоа, антивоената опозициска група Весна повика на масовни протести низ Русија, но тие сепак беа мали.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира