До 13 часот на предвремните парламентарни избори гласале 34,76 отсто од гласачите, соопшти Државната изборна комисија.
Најголема излезност има во четвртата изборна единица – 39,21%, а во третата има 38,67%. Во првата изборна единица досега гласале 38,35%, во втората – 33,67%, петтата – 33,55% и шестата – 24,22%.
Вкупно во избирачкиот список се запишани 1.784.416 граѓани, а до 13 часот гласале 590.176.