И лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и лидерот на СДСМ Зоран Заев прогласија победа на предвремените парламентарни избори. Поради тесната разлика, бројот на мандати не може да се утврди.
Никола Груевски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ, не кажа колку мандати освоила коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Поранешниот премиер рече дека на овие избори имале исклучително тежок противник, бидејќи, како што кажа, тоа не бил само СДСМ.Лидерот на СДСМ Зоран Заев пред симпатизерите кои се собраа пред зградата на Владата, рече дека СДСМ освоила еден пратеник плус од владејачката партија.
Дарко Алексов претседател на граѓанската асоцијација “Мост“ на прес-конференција рече дека нема да прават симулација на мандати за да не наштетат на изборниот процес, бидејќи во Македонија за прв пат на избори има толку тесна разлика меѓу политичките партии.