ПОРАДИ ДОЈАВА ЗА БОМБА ЕВАКУИРАНИ ПЕТ СРЕДНИ УЧИЛИШТА ВО СКОПЈЕ

    ПОРАДИ ДОЈАВА ЗА БОМБА ЕВАКУИРАНИ ПЕТ СРЕДНИ УЧИЛИШТА ВО СКОПЈЕУчениците од „Орце Николов“ се евакуирани, а околу школото има полиција и не дозволува пристап. (Фото: СДК.МК)

    Дојава за бомба денеска стигнала преку е-пошта во пет средни училишта во Скопје. Во моментов, учениците од училиштето „Орце Николов“ се евакуирани, односно кажано им е само да ги напуштат училниците бидејќи во училиштето ќе се врши дератизација. Околу училиштето има полиција и не дозволува пристап внатре.

    Директорот на гимназијата „Орце Николов“ Митко Димовски за САКАМДАКАЖАМ.МК потврдува дека на службената е-пошта добиле порака за поставена бомба во училиштето. Во е-поштата стои дека истата порака е пратена и во средните училишта „Никола Карев“, „Јосип Броз Тито“,„ Раде Јовчевски-Корчагин“ и АСУЦ „Боро Петрушевски“.

    Од Министерството за внатрешни работи велат века денеска во СВР Скопје е пријавено дека на адреси за е-пошта на пет училишта во Скопје е упатена закана за поставена бомба. Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира