ЕУ ПОСТИГНА ДОГОВОР ЗА ЗАБРАНА НА НОВИ БЕНЗИНСКИ И ДИЗЕЛСКИ ВОЗИЛА ОД 2035

    ЕУ ПОСТИГНА ДОГОВОР ЗА ЗАБРАНА НА НОВИ БЕНЗИНСКИ И ДИЗЕЛСКИ ВОЗИЛА ОД 2035Патничките возила се голем загадувач во ЕУ (Фото: АП)

    Европратениците постигнаа договор за забрана за продажба на нови бензински и дизелски возила во Европската Унија по 2035 година. Тоа е првиот договор од пакетот за намалување на штетните емисии за 55% до крајот на деценијата.

    Според овој договор, автокомпаниите ќе мора да ги намалат штетните емисии од новите автомобили за 55% до 2030, пред да се постигне целосното намалување до 2035.

    Според податоците на ЕУ, превозот е единствениот сектор во кој емисиите на стакленичките гасови се зголемиле во изминатите три децении, и тоа за 33,5% од 1990 година наваму. Патничките возила се голем загадувач и на нив отпаѓаат 61% од вкупните емисии на јаглероден диоксид од копнениот сообраќај.

    ЕУ сака драстично да ги намали штетните емисии од превозот до 2050 и ги промовира електричните возила, но интерна анализа од минатата година покажа дека во регионот нема доволно станици за полнење.

    „Ова е историска одлука бидејќи за првпат се поставува јасен пат кон декарбонизација, со одредени цели за 2025, 2030 и 2035 година. Крајната цел е климатска неутралност до 2050 година“, изјави Паскал Канфан, шефот на комитетот за животна средина во Европскиот парламент.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира