Снабдувањето со електрична енергија во Украина се стабилизира по масивните руски напади на електрани и дистрибутивната мрежа, но сè уште може да се потребни рестрикции, вели украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Изминатите неколку недели Русија ги сконцентрира нападите со дронови и ракети на енергетскиот систем на Украина, уништувајќи над 30 отсто од производствените капацитети, што предизвика широкораспространети рестрикции.
„Денеска веќе има значително помалку стабилизирачки мерки и вонредни рестрикции, но сè уште се можни рестрикции во некои градови и области“, кажа Зеленски во вчерашното видеообраќање.
Тој исто така ја обвини Русија дека гаѓа централи кои што се во процес на поправки и додаде дека се убиени работници.