ТЕНЗИЧНО ВО БРАЗИЛ ВО ОЧЕКУВАЊЕ НА ОБРАЌАЊЕТО НА БОЛСОНАРО, ОД ВЛАДАТА ВЕЛАТ ДЕКА ЌЕ ГО ПРИЗНАЕ ИЗБОРНИОТ ПОРАЗ

    ТЕНЗИЧНО ВО БРАЗИЛ ВО ОЧЕКУВАЊЕ НА ОБРАЌАЊЕТО НА БОЛСОНАРО, ОД ВЛАДАТА ВЕЛАТ ДЕКА ЌЕ ГО ПРИЗНАЕ ИЗБОРНИОТ ПОРАЗПретседателот на уставниот суд нареди патиштата да бидат расчистени (Фото: АП)

    Актуелниот бразилски претседател Жаир Болсонаро нема да го оспори поразот на изборите кога вечерва ќе ѝ се обрати на нацијата, изјави министерот за комуникации Фабио Фарија, додека голем број негови политички сојузници го повикаа да ја признае победата на Лула да Силва.

    Некои тврдокорни приврзаници на Болсонаро побараа интервенција на војската за да ја задржи власта, додека низ земјата се поставени блокади по патиштата. Полицијата кажа дека расчистила повеќе од 300 блокади, но остануваат уште 267.

    Десетици летови од и кон меѓународниот аеродром во Сао Пауло се откажани поради блокада на еден од клучните патишта што водат кон него. Претседателот на уставниот суд Алесандре де Мораеш изјави дека постои ризик по националната безбедност и нареди патиштата да бидат расчистени.

    Во земјата пораснаа тензиите откако Болсонаро ја прекрши традицијата и не го призна поразот и речиси два дена по завршувањето на изборите, на кои што Лула однесе тесна победа со освоени 50,9% гласови. Несвојствено за неговиот имиџ, Болсонаро го снема од јавноста по неделните избори и сè уште не се огласи јавно.

    Блокадите почнаа набргу откако изборната комисија го прогласи Лула за победник. Некои од најблиските соработници на Болсонаро, меѓу кои и потпретседателот Хамилтон Мурао, почнале разговори со Лула за трансфер на власта. И спикерот на Конгресот го повика Болсонаро да ги почитува изборните резултати.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира