40 ГОДИНИ ПО ПУШТАЊЕТО НА РЕК БИТОЛА ПРЕМИЕРОТ КОВАЧЕВСКИ РЕЧЕ ДЕКА КОМБИНАТОТ ЌЕ СЕ МОДЕРНИЗИРА

    40 ГОДИНИ ПО ПУШТАЊЕТО НА РЕК БИТОЛА ПРЕМИЕРОТ КОВАЧЕВСКИ РЕЧЕ ДЕКА КОМБИНАТОТ ЌЕ СЕ МОДЕРНИЗИРАРЕК Битола денес одбележува 40 години од пуштањето во работа на блок 1, односно од синхронизацијата со електропреносниот систем на државата која беше направена на 4 ноември 1982, во 23.52 часот. (Фото: СДК.МК)

    Немојте да ги слушате оние кои зборуваат дека некој ќе го затворел РЕК Битола, дека работниците ќе останеле без работа. Ниту еден работник нема да остане без работа туку напротив РЕК Битола ќе се модернизира, кажа премиерот Димитар Ковачевски на одбележувањето на 40 години на рударско-енергетскиот комбинат.

    „РЕК Битола во иднина треба да работи на еколошки горива, треба да има нови извори на енергија и да вработува нови струки на инженери за обновливи и одржливи извори на енергија. Владата е силно фокусирана на инвестициите во енергетскиот сектор, кои ќе ја зголемат енергетската транзиција и независност. Трансформацијата на комбинатот во капацитет за производство на чиста енергија се движи постапно. Токму сончевите електрани ќе бидат двигатели на тоа. Во ЕСМ се финализираат и други проекти за изградба на фотонапонски централи во РЕК Битола, со капацитет помеѓу 200 и 300 мегавати. Работните места на сите работници сега и во иднина со енергетската трансформација се сигурни“, рече премиерот Ковачевски.

    РЕК Битола одбележува 40 години од пуштањето во работа на блок 1, односно од синхронизацијата со електропреносниот систем на државата која беше направена на 4 ноември 1982, во 23 часот и 52 минути. Ковачевски нагласи дека РЕК Битола е енергетски капацитет кој беше исклучително важен за осамостојувањето на македонската држава и до денес е столбот на македонската економија во услови на најголемата светска енергетска криза.

    „АД ЕСМ, а во најголем дел РЕК Битола, успешно и континуирано обезбедува 100% од потребната електрична енергија за домаќинствата и малите потрошувачи во државата.  За да може да ги обезбеди потребните количини на електрична енергија, РЕК Битола годинава го зголеми проектираното производство за 25% во однос на минатата година покажувајќи уште еднаш колку е вредно домашното производство на енергија“, рече премиерот.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА  

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира