Женската ракометна репрезентација беше далеку од сензација на стартот на 15. Европско првенство, чиј домаќин е и Скопје. На својот прв натпревар на европските првенства по десет години пауза, Македонија изгуби од актуелниот вицешампион Франција со 24:14.
Во крајно неефикасното прво полувреме, Македонија го постигна првиот гол дури во 16. минута, а голманката Јована Мицевска беше најистакнатата поединка со пет одбрани.
Учинокот не се подобри значително во вторите 30 минути, а разликата постојано се движеше околу двоцифрена.
Ракометарките в понеделник играат против Холандија (18 часот).