РУСИЈА ГО ПРОГЛАСИ ХЕНИЧЕСК ЗА НОВ ГЛАВЕН ГРАД НА ХЕРСОНСКАТА ОБЛАСТ

    РУСИЈА ГО ПРОГЛАСИ ХЕНИЧЕСК ЗА НОВ ГЛАВЕН ГРАД НА ХЕРСОНСКАТА ОБЛАСТУкраинските сили вчера го вратија Херсон во владение. (Фото: АП)

    Русија го прогласи пристанишниот град Хеническ во југоисточна Украина за нејзин нов привремен административен главен град за регионот Херсон. Хеническ се наоѓа во близина на Крим окупиран од Русија и далеку од Херсон, кој украинските сили го вратија вчера. Тој е помал од Херсон и лежи на Азовското Море.

    Руската новинска агенција Интерфакс вели дека властите ги евакуирале сите регионални канцеларии, како и „статуи и историски артефакти“ од западниот брег на реката Днепар, односно од градот Херсон и неговата околина. Повеќе од 115.000 луѓе се евакуирани од таа област.

    Херсон беше еден од четирите украински региони за кои претседателот Владимир Путин тврдеше дека ги анектирал во септември – тврдење кое беше отфрлено на меѓународно ниво. Русија го анектира Крим во 2014.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира