ВО ОВОЈ МОМЕНТ ПОЧНУВА ВРАЌАЊЕТО НА АМЕРИКА, КАЖА ТРАМП И ЈА ОБЈАВИ КАНДИДАТУРАТА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ

    ВО ОВОЈ МОМЕНТ ПОЧНУВА ВРАЌАЊЕТО НА АМЕРИКА, КАЖА ТРАМП И ЈА ОБЈАВИ КАНДИДАТУРАТА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛТрамп беше придружуван од сопругата Меланија (Фото: АП)

    Доналд Трамп и официјално ја лансираше својата трета кампања за претседател на САД, прогласувајќи дека „враќањето на Америка почнува во овој момент“. Зборувајќи од својот клуб во Палм Бич, Трамп порача:

    Мора да ја спасиме нашата земја“.

    Тој ја објави кандидатурата откако неговите сопартијци го обвинија за разочарувачките резултати на Републиканците на минатонеделните избори за Конгресот. И актуелниот претседател Џо Бајден најави дека би можел повторно да се кандидира, за што конечно ќе се изјасни во почетокот на следната година.

    Ние сме нација во пад. За милиони Американци, изминатите две години под Џо Бајден беа време на болка, тешкотии, вознемиреност и очај. Со цел повторно да ја направиме Америка голема и величествена, вечерва ја објавувам мојата кандидатура за претседател на САД“, изјави Трамп.

    Уште една кандидатура би бил извонреден пресврт за кој било бивш претседател, а особено за Трамп, кој двапати беше отповикан и чиј мандат заврши со насилниот упад на неговите приврзаници во Конгресот. Тој исто така се соочува со серија кривични истраги.

    Пред две години бевме голема нација и наскоро, повторно ќе бидеме“, им порача Трамп на своите приврзаници.

    Неговата ќерка Иванка веднаш кажа дека нема да учествува во кампањата на татко ѝ.

    Невообичаено раната објава на кандидатурата за изборите на 5 ноември 2024 се сфаќа како тактички обид на Трамп да придобие предност во однос на можните ривали од партијата. Меѓу оние кои би можеле да го предизвикаат се бившиот потпретседател Мајк Пенс и гувернерот на Флорида, Рон ДеСантис.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира