„ТВИТЕР“ ПРИВРЕМЕНО ГИ ЗАТВОРИ КАНЦЕЛАРИИТЕ ПО БРОЈНИ ОТКАЗИ ОД ВРАБОТЕНИТЕ

    „ТВИТЕР“ ПРИВРЕМЕНО ГИ ЗАТВОРИ КАНЦЕЛАРИИТЕ ПО БРОЈНИ ОТКАЗИ ОД ВРАБОТЕНИТЕГолем број вработени ја напуштиле фирмата зашто не се согласувале со новите услови на Маск (Фото: АП)

    Твитер“ им соопшти на своите вработени дека привремено ги затвора канцелариите на компанијата. Притоа им било кажано дека повторно ќе се отворат на 21 ноември. Причината за затворањето не беше наведена.

    Ова следува по извештаите дека голем број вработени дале отказ откако Илон Маск побарал од сите да се обврзат дека „ќе работат долги часови со голем интензитет“ или да ја напуштат фирмата. Тие добиле рок до синоќа да се изјаснат.

    Има назнаки дека голем број од нив одлучиле да ја напуштат фирмата зашто не се согласувале со новите услови на Маск.

    Откако ќе слегне прашината, мислам дека во фирмата ќе останат околу 2.000 луѓе“, изјави еден поранешен вработен за Би-Би-Си.

    Ова би бил втор егзодус на вработените откако Маск ја купи компанијата за 44 милијарди долари. Набргу потоа, тој отпушти речиси половина од 8.000 вработени низ цел свет и кажа дека немал избор зашто компанијата губела четири милиони долари на ден. По доаѓањето на Маск, голем број извршни директори сами поднесоа оставка.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира