Зоолошката градина во Берлин ги затвори вратите за посетители откако една од водните птици беше позитивна на тестот за птичји грип, соопшти установата.
Рутинската проверка на птица која починала минатата недела покажа дека била позитивна на болеста. Зоолошката ќе остане затворена засега како превентивна мерка, а во меѓувреме, негувателите работат да ги стават во карантин и да ги одделат птиците.
„Примарната цел ни е да спречиме ширење на птичјиот грип“, кажаа од локалната власт во Берлин.
Случаи на птичји грип имаше и во зоолошки во други германски градови, како Карлсруе, Рошток и Хајделберг.