Полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола го лишиле од слобода Б. В. (23) од Битола поради сторено кривично дело тешка кражба на 19.10.2022 во Центарот за култура Битола. Б. В. го признал делото и по документирање на настанот ќе следува кривична пријава, соопштија од СВР Битола.
Младото момче пред дваесетина дена украде две чешми во Центарот за култура со што предизвика голема поплава во горната сала. Од Центарот за култура тогаш кажаа дека кадецот ја скршил вратата и влегол горе каде, откако ги украл двете чешми, водата течела цела вечер. Се направи голема поплава, па за насобраната вода да истече побрзо надвор од објектот, на неколку места од подот со бормашина дупки беа направени дупки.
Ж. ЗДРАВКОВСКА