НЕМА ГРЕЕЊЕ НА ИНФЕКТИВНОТО ОДДЕЛЕНИЕ ВО ВЕЛЕШКАТА БОЛНИЦА, МОНТАЖНАТА НЕ СЕ КОРИСТИ ОТИ МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО НЕ ДАВА ДОЗВОЛА

    НЕМА ГРЕЕЊЕ НА ИНФЕКТИВНОТО ОДДЕЛЕНИЕ ВО ВЕЛЕШКАТА БОЛНИЦА, МОНТАЖНАТА НЕ СЕ КОРИСТИ ОТИ МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО НЕ ДАВА ДОЗВОЛАВо Инфективното одделение се сместуваат пациенти кои се позитивни на ковид-19, на само од Велес туку и од Повардарјето, Неготино, Кавадарци, Демир Капија и Свети Николе. (Фото: СДК.МК)

    Со години има проблем со греењето во Инфективното одделение при велешката Општа болница е стар, што е проблем кога ќе падне надворешната температурата. Наместо со греење, се користат повеќе ќебиња зада се стоплат пациентите, па некои од нив и заминуваат дома, наместо да останат в болница.

    „Зградата на Инфективното одделение е стара, а со неа и инфраструктурата и инсталацијата. Поради тоа, топлината која се дистрибуира до зградата попатно се губи и просторите се ладни. Не смее да се користат дополнителни грејни тела, бидејќи таму има боци со кислород и има опасност по околината и безбедноста. Беше предвидено и имаше обезбедено средства за да се започне со реконструкција на зградата во пролетта 2020а, но поради ковид пандемијата целиот проект остана нереализиран“,  велат од Велешката болница.

    Од таму велат дека од Министерството за здравство да им се предаде монтажната болница за користење и сместување пациенти, но одговор не добиле. Сега таа стои празна и неискористена. Во Инфективното одделение се сместуваат пациенти кои се позитивни на ковид-19, на само од Велес туку и од Повардарјето, Неготино, Кавадарци, Демир Капија и Свети Николе. Таму моментално лежат двајца пациенти.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира