ОПШТИНА ВЕЛЕС ОБЕЗБЕДИ ЛИЧНИ АСИСТЕНТИ ЗА СРЕДНОШКОЛЦИТЕ СО ПОПРЕЧЕНОСТИ ОВАА УЧЕБНА ГОДИНА

    ОПШТИНА ВЕЛЕС ОБЕЗБЕДИ ЛИЧНИ АСИСТЕНТИ ЗА СРЕДНОШКОЛЦИТЕ СО ПОПРЕЧЕНОСТИ ОВАА УЧЕБНА ГОДИНАЛичните асистенти добиваат паричен надоместок од 9.000 денари (Фото: Архивска фотографија)

    Средношколците со попречености во Велес имаат лични асистенти во оваа учебна година, наспроти состојбата во остатокот од земјава, каде што тие се школуваат во редовни училишта и останаа без образовни асистенти. Овие лица се исплаќаат преку проект на Програмата за развој на Обединетите нации и Општина Велес.

    Минатата година, на јавниот повик се пријавија и беа прифатени четири лица, годинава три. Тие се ученици во две средни училишта од градот, ‘Коле Неделковски‘ и ‘Димитрија Чуповски‘“, кажа Верица Тодоровска-Дацева, раководителка на одделение.

    Бил понуден личен асистент и за ученик од уште едно средно училиште, но родителите не прифатиле.

    Овие лични асистенти добиваат паричен надоместок од 9.000 денари бруто износ за времетраењето на обуката и работното ангажирање, со вклучени данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето од повреда на работа или професионална болест.

    Бидејќи во Законот за средно образование, кој не е сменет за разлика од Законот за основно образование, не е дефинирано кој ја обезбедува поддршката на средношколците со посебни образовни потреби, општината го овозможува тоа преку проектот за општествено корисна работа.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира