На железничката станица во скопско Маџари од струен удар е повредена 17-годишна девојка. Инцидентот се случил попладнево во 13.41 часот кога над еден од вагоните дошло до струен удар.
„Од ударот со повреди се здобила 17-годишна малолетничка. Веднаш биле повикани полициски службеници, Пожарна и Брза помош, по што повредената е пренесена на Клиничкиот центар на укажување лекарска помош“, велат од МВР.