НЕДЕЛА ОСТАНУВА НЕРАБОТЕН ДЕН, ОДЛУЧИ УСТАВНИОТ СУД, ЌЕ СЕ ПАЗАРИ ПО МОЛОВИ И БЕНЗИНСКИ

    НЕДЕЛА ОСТАНУВА НЕРАБОТЕН ДЕН, ОДЛУЧИ УСТАВНИОТ СУД, ЌЕ СЕ ПАЗАРИ ПО МОЛОВИ И БЕНЗИНСКИОваа одлука е конечна и секој мора да ја почитува, рекоа од Уставниот суд. (Фото: СДК.МК)

    Уставниот суд на денешната седница одлучи неделата да остане неработен ден.

    Иницијативата беше поднесена од Стопанската комора на Македонија, а Уставниот суд одлучил за неа да не се поведе постапка.

    Работниците нема да работат во недела и дефинитивно, освен во дејностите кои се исклучени во законот.

    „За Уставниот суд неосновани се наводите на Стопанската комора која бараше да се запре спроведувањето на законот. Оваа одлука е конечна и секој мора да ја почитува“, кажа портпаролката Христина Беловска по седницата.

    Оттаму, останува проблемот за кој апострофираше и Комората, а тоа е дека странските туристи затекнати во недела кај нас на затворени дуќани, ќе мора да си испазарат залихи во сабота, зашто отворени се само моловите и бензинските пумпи.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира