Повторно во дел од средните училишта во Скопје денеска стигнаа закани за поставени бомби. Наставата е прекината во осум училишта и како што соопшти од Министерството за внатрешни работи (МВР), се вршат антитерористички проверки.
„Денеска околу 14.20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на меил адреси на осум училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна нaправа. Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за раасчистување на случајот“, велат од МВР.
Заканите за бомби почнаа на крајот на октомври и во текот на цел ноември, досега никој не е уапсен.
А. АНТЕВСКА