КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА МАЛОЛЕТНИК ОД СКОПЈЕ КОЈ ПРИЗНАЛ ДЕКА ПРАТИЛ ДЕЛ ОД ЗАКАНИТЕ ЗА БОМБИ ВО СРЕДНИТЕ ШКОЛИ

    КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА МАЛОЛЕТНИК ОД СКОПЈЕ КОЈ ПРИЗНАЛ ДЕКА ПРАТИЛ ДЕЛ ОД ЗАКАНИТЕ ЗА БОМБИ ВО СРЕДНИТЕ ШКОЛИМалолетникот инспириран од претходни објави за поставени бомби во неколку средни училиштата, почнал да праќа закани од неговиот компјутер.(Фото: К. Попов)

    Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава за малолетник од Скопје кој испратил дел од заканите за поставени бомби во средните училишта. Малолетникот го признал делото, а се товари за сторено кривично дело „тероризам” предвидено и казниво по член 394-б став 2 од Кривичниот законик.

    Како што соопшти МВР, пријавениот малолетник инспириран од претходни објави за поставени бомби во неколку средни училиштата на територијата на Скопје, почнал и тој да праќа закани од неговиот компјутер.

    На 4 ноември користејќи посебна апликација, преку неговиот мобилен телефон се поврзал на неговиот персонален компјутер и во 14.09 часот, од претходно креираната електронска адреса на службените електронски адреси на четирите средни училишта во Скопје, ја испратил горенаведената порака со заканувачка содржина. Со цел обезбедување на докази, од страна на МВР преземени се мерки, при што е утврдено дека електронската адреса на пријавеното лице била креирана на 04.11.2022 година во 11.17 часот од IP адреса, за која од страна на телекомуникациски оператор се доставени податоци дека сопственик е Д. К. Ч. (43) од Скопје, мајка на кривично пријавеното малолетно лице. Извршен е претрес на домот и други простории каде живее Д. К. Ч., при што се одземени десктоп компјутер, еден мобилен телефон и СИМ картичка, кои ги користел малолетникот. На 7 ноември, во полициската станица Карпош во присуство на родител, инспектор за малолетници и семејно насилство од СВР Скопје и адвокат, извршен е разговор со пријавениот малолетник, при што тој го призна и го појасни начинот на извршување на кривичното дело“, се вели во соопштението на МВР.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира