ЗА ЕДНА ТРЕТИНА ЗГОЛЕМЕН E БРОЈОТ НА ПАЦИЕНТИ ВО АМБУЛАНТИТЕ НА ИНТЕРНОТО ОДДЛЕНИЕ ВО КУМАНОВСКАТА БОЛНИЦА

    ЗА ЕДНА ТРЕТИНА ЗГОЛЕМЕН E БРОЈОТ НА ПАЦИЕНТИ ВО АМБУЛАНТИТЕ НА ИНТЕРНОТО ОДДЛЕНИЕ ВО КУМАНОВСКАТА БОЛНИЦАЗагадениот воздух и променливото време се главна причина за зголемениот број болни. (Фото: СДК.МК)

    За 30 отсто е зголемен бројот на пациенти во амбулантите на интерното одделение во Општата болница во Куманово, поради променливото време, големата промена на температурите и загадениот воздух. Покрај хроничните болни се почесто на здравствени проблеми се жалат и помлади пациенти, велат лекарите.

    „Најчесто се работи за пациенти кои имаат хронично опструктивно белодробно заболување, воспалителни промени на белите дробови, акутни бронхити и секако постојаниот зголемен број на пациенти со висок крвен притисок, пореметување на регулација на дијабет и останатите хронични болести. Пациентите кои доаѓаат кај нас се од сите возрасти, од најмладите на 20 годишна возраст па до 80 години. Причината за зголемениот број на пациенти е разликата во температурата и честите промени на временското влијание и загадување на воздухот поради користење на фосилни горива за греење“, вели д-р Томица Анчевски, специјалист по интерна медицина.

    Тој препорачува граѓаните кои имаат проблеми со здравјето, повеќе да престојуваат во природа на чист воздух, редовно да ја земаат терапијата препишана од лекар и препарати за зајакнување на имунолошкиот систем.

    На одделението за интерни болести во Општата болница во Куманово работат 12 специјалисти интернисти и уште тројца специјализанти, што според надлежните е доволено да одговорат на потребите на пациентите од регионот.

    С. НИКОЛИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира