Дојава за бомба утрово стигнала во трговскиот центар „Ист гејт“ во Скопје. Сите вработени се евакуирани од дуќаните и чекаат пред трговскиот центар за екипите на Министерството за внатрешни работи (МВР) да ги извршат потребните проверки.
Во средата закана за бомба стаса во Народна банка, откако два месеца мета на закани за поставени бомби беа средните и основни училишта во Скопје и во други градови. Сите досегашни дојави беа лажни.
А. АНТЕВСКА